Поради силниот ветер, како што велат пожарникарите, постоела опасност огнот да се прошири кон околните куќи
Сепак, благодарение на брзата реакција на службите, месното население и доброволците се спречени поголеми материјални штети
Пожар на отворен простор денеска изби во охридската населба Гоце Делчев, позната како Бараки, информираат на Фејсбук од територијалната противпожарна единица на овој град.

На терен интервенирале четири противпожарни возила и 17 пожарникари.
„Гореше деградирана шума и сува треба“,
велат од ТППЕ Охрид.
Поради силниот ветер, како што велат пожарникарите, постоела опасност огнот да се прошири кон околните куќи.
Сепак, благодарение на брзата реакција на службите, месното население и доброволците се спречени поголеми материјални штети.

Охридските пожарникари апелираат до граѓаните за совесно и одговорно однесување, а до надлежните институции да преземат мерки за откривање и санкционирање на лицата што предизвикуваат пожари.
Од фејсбук-профилот на ТППЕ Охрид се објавени повеќе фотографии на кои се гледа пожарот во близина на населбата Бараки.

