„Гласовите се поделија четири наспрема четири, и тоа не значи непостапување. Можеме ние повторно да го гледаме тој предмет… или треба да добијам јасно од судиите дека има промена на став или да се комплетира судот со деветтиот судија, затоа што во тој случај деветтиот глас ќе ја пресуди работата… Очекуваме комплетирање на Уставниот суд, нам ни фали еден судија, скоро на секоја седница не можеме да донесеме одлука, или е четири спрема четири, и ако еден судија не е тука – 4 спрема три“, рече претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски, прашан за коментар на вчерашната реакција на Јавното обвинителство и на Советот на јавните обвинители
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во одговор на новинарско прашање на денешниот отворен брифинг ја оцени како погрешно формулирана вчерашната заедничка реакција на Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство на РСМ и на Здружението на јавните обвинители во кое беше наведено дека уставен не постапува по иницијативите поднесени по законските измени со кои беа намалени коефицинетите за пресметка на платите на јавните обвинители.
Преетседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на денешниот отворен брифинг со новинарите / Фото: „360 степени“
Во соопштението беше наведено дека коефициентите за пресметка на платите со измени во законите се намалени по трет пат, а Уставниот суд со своето непостапување создава сериозен диспаритет во статусот меѓу јавните обвинители и судиите. Со тоа, велат обвинителите, се нарушува финансиската положба на јавните обвинители, влијае врз институциионалната незавиност на обвинителството и врз довебата на јавноста во неговото работење.
Костадиновски рече дека во однос на измените на Законот за платите на јавните обвинители, Уставниот суд на почетокот на годината повел постапка за оценување на нивната уставност, но во меѓувреме Владата дополнително ги намалила коефицентите со новите од февруари. Дополнително кога требало да се донесе одлучува, предлогот на судијата известител не добил мнозинство, односно судиите гласале поделено четири спрема четири, бидејќи Уставниот суд работи со еден судија помалку.
Според изјавата на претседателот на Уставниот суд, за конечен став во врска со оваа иницијатива ќе се чека компелтирањето на составот на Судот. За потсетување, Уставен веќе извесно време работи со осум од вкупно девет члена откако судијката Елизабета Дуковска, условно кажано, беше „одјавена“ од Судот. Дуковска беше избрана за уставна судијка од Собранието, како предлог на Судскиот совет, но Управниот суд, по тужба на судијката во Основниот граѓански суд, а сега актуелна членка на Судскиот совет, Антонета Димовска, во мај минатата година ја поништи одлуката на законодавниот дом.
Судскиот совет повторно распиша оглас за избор на Уставен судија на кој се пријавија Дуковска и нејзината колешка од Апелацискиот суд Скопје, Мери Дика Георгиевска. Советот со мнозинство гласови ја избра Мери Дика како предлог за уставен судија. Предлогот треба да го изгласа Собранието, но иако тој беше утврден кон крајот на март, сè уште не е ставен на дневен ред на седница на законодавниот дом.
„Гласовите се поделија четири наспрема четири, и тоа не значи непостапување. Можеме ние повторно да го гледаме тој предмет… или треба да добијам јасно од судиите дека има промена на став или да се комплетира судот со деветтиот судија, затоа што во тој случај деветтиот глас ќе ја пресуди работата… Очекуваме комплетирање на Уставниот суд, нам ни фали еден судија, скоро на секоја седница не можеме да донесеме одлука, или е четири спрема четири, и ако еден судија не е тука – 4 спрема три“,
рече Костадиновски.
Што се однесува до иницијативата за оценка на уставноста со која се намали коефициентот за пресметка на платите на членовите на Советот на јавните обвинители, тој рече дека по предметот се постапува и дека роковите за одлучување сè уште не се поминати.
„Знаете дека овој состав на Судот се самоогранични со донесувањето на Актот, веќе нема чување предмети, судијата известител има шест месеци да го достави предметот до претседателот на Судот. Откако ќе го достави до претседарлот на Судот јас имам можност само во рок од 30 дена да го изнесам на седница. Е сега бидејќи сега имаме сериозен наплив на предмети, многу предмети, некогаш јас сум тој што морам да ги пробивам роковите меѓутоа и во тој случај одам редоследно, како ми се предадени по ден и датум, како ми ги предавале судиите предметите затоа што невозможно е на една седница да се решаваат повеќе од седум осум, девет, десет предмети. Што значи има многу мал застој но не е како во минатото, кога сме имале предмети кои по седум осум години биле чувани од судии“,
рече Костадиновски.
Актуелниот состав на Уставниот суд на РС Македонија
Прашан за коментар на забелешката на обвинителите дека по иницијтивата на судиите за истото прашање веќе е одлучено, и дали тоа значи дека има разлика во поставеноста на судството и обвинителството, претседателот на Уставниот суд посочи дека има разлика во уставните гаранции на нивната независност и самостојност, и оти тоа не е спорно. Но, како што кажа, тоа е ако се гледа само формалистички, а не и суштински.
„Судската власта е посебна власт, значи е власт. Правосудството е дел од државниот механизам и таа не ги ужива истите гаранции како судската власт, но сепак ужива некакви уставни гаранции за самостојнот. Неспорен факт е дека има послаби уставни агаранции од судската власт ако гледаме брутално, формалистички. Но ако гледаме суштински, и тие (обвинителите), како и судската власт, уживаат меѓународни стандарди за нивната самостојност и независност. И исто како и за судската власта и за обвинителството, меѓународните гаранции велат дека мора да ја уживаат самостојноста и независноста изразена дури и преку нивните плати затоа што и меѓународните стандарди велат дека платите на судиите и на обвинителите се неразделив дел од нивниот статус на независност и самостојност“,
изјави претседателот на Уставниот суд.
Костадиновски во тој контекст рече дека е дел од мнозинството што поддржува платите на обвинителите да бидат соодветни на нивниот статус, на нивните обврски и на нивните должности.
Како личен став тој упати критики до политиката која, како што кажа, многу често го вперува прстот во правосудството дека има многу низок процент на доверба меѓу граѓаните. Според него, причината за тоа е што со децении извршната власат имала супернадмоќ врз сите други власти и од таа аномалија последиците се чувствуваат и денес.
Зградата на Јавното обвинителство на РС Македонија / „360 степени“ (Архива)
Тој рече оти и судската власт и обвинителството мора, како што кажа, да испорачаат радикални чекори за да ја вратат довербата на граѓаните во судството. Состојбата во Обвинителството рече оти не е добра бидејќи од средбите што ги имал со државниот јавен обвинител, таму постоело чувство на демотивираност, што не оди рака под рака со потребата од враќање на довербата во правосудството.
„Што е испорачувањето, борба за нивната самостојност и независност, никој не ја подарува самостојноста и независноста, никој нема да дојде и да им рече повелете, секогаш е тоа процес на една институционална борба, борба со судиите и обвинителите што ја срамат фелата, што ја прават перцерпцијата кај граѓаните на недоверба. Во уставноито судство има една максима креирањето на перцеопција на недоверба во правосудниот систем е директно подривање на демократските принципи на државата“,