Според опозициската партија, целта е разгорување на меѓуетнички тензии во општината каде што контролата ја има Влен, коалициски партнер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво
СДСМ бара одлуката да се поништи
Советот на Општина Чаир сменил две имиња на улици во општината без да се почитува Бадентеровото мнозинство, обвини денеска опозициската СДСМ. Според Кети Штерјова, советничка на социјалдемократите во Советот на Град Скопје, целата постапка е спроведена со амин на ВМРО-ДПМНЕ.

Грубо е прекршен механизмот за една од клучните гаранции на Охридскиот договор за носење одлуки за прашања што ги засегаат меѓуетничките односи, во овој случај Македонците.
Улиците се именувани по припадници на УЧК.
„Носењето вакви одлуки може да создаде меѓутнички тензии и да ја поткопа довербата кај граѓаните – Македонци”,
изјави Кети Штерјова, советничка на СДСМ во Град Скопје.
ТВ Канал 5 вчера објави дека Советот на Општина Чаир прифатил иницијатива на советници од опозициската ДУИ за преименување на улиците „Јаја Паша“ и „Фљака е Влазаримит“ во „Командант Тели“ и „Зеќирија Хасани“. На поставените новинарски прашања, од локалната самоуправа им одговориле дека станува збор за предлог-одлуки, а не конечно решение. Не добиле одговор на прашањето дали притоа имало и Бадентерово мнозинство.
На денешната прес-конференција на СДСМ, пак, опозоцијата тврди дека станува збор за власта намерно да предизвика меѓуетнички тензии во општината.
„Лажниот патриотизам на ВМРО се гледа насекаде и создава проблеми на секое ниво.
Граѓаните веќе јасно гледаат дека за ВМРО и Влен законите не важат, ги интересораат само бизнисите, тендери и привилегиите“,
изјави Кети Штерјова.
СДСМ бара повлекување на одлуката на Општина Чаир.
