Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи
Минималната температура ќе се движи од 8 до 18, а максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 Целзиусови степени, пренесе МИА.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, додека дневната ќе достигне 36 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, а наместа и повремено засилен ветер од северен правец.
Утре се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи.
