Според пријавата, девојчето претходно паднало од лулашка во парк во Гостивар, по што било итно пренесено во болница. Но, и покрај укажаната медицинска помош, во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција
Четиринаесетгодишно девојче од Кавадарци вчера почина по пад од лулашка во парк во Гостивар, соопштија од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.

Како што денеска информираат од полицијата, настанот е пријавен вчера во 20:20 часот, кога од Медицинскиот центар во Гостивар е пријавено дека во установата е донесено малолетно девојче без знаци на живот.
„Пријавено е дека во болница без знаци на живот е донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар“,
се вели во соопштението од СВР Тетово.
Според пријавата, девојчето претходно паднало од лулашка во парк во Гостивар, по што било итно пренесено во болница.
Но, и покрај укажаната медицинска помош, во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт.
За случајот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено на обдукција.
