Погребната молитва се одржала во дворот на светилиштето, по што следувала приватна церемонија за семејството на Хамнеи. Молитвата за починатиот ја предводел неговиот најстар син, Сејед Мостафа Хамнеи, кој ги извршил и ритуалните молитви над телото
Неговиот син Моџтаба Хамнеи, кој по смртта на татка си ја презеде функцијата врховен лидер, досега не се појави во јавноста и не присуствуваше на погребните церемонии
Иранскиот ајатолах Али Хамнеи е погребан рано утринава по локално време во неговиот роден град Машхад, на североистокот на Иран, со што завршија неколкудневните комеморации и погребни церемонии организирани во Иран и Ирак, пренесува Си-ен-ен.

Според иранската државна телевизија, последната погребна церемонија се одржала во молитвената сала на светилиштето Имам Реза откако ковчегот бил пренесен околу гробот на Имам Реза во рамки на верските погребни обреди.
Погребната молитва се одржала во дворот на светилиштето, по што следувала приватна церемонија за семејството на Хамнеи. Молитвата за починатиот ја предводел неговиот најстар син, Сејед Мостафа Хамнеи, кој ги извршил и ритуалните молитви над телото.
По погребот, верници од Иран и од други муслимански земји се молеа за починатиот ајатолах.
Како што пренесуваат светските медиуми, повикувајќи се на информации од Иран, за време на погребната поворка се извикувале и слоганите „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.
Хамнеи беше убиен на 28 февруари, заедно со неколку членови на неговото семејство, на денот кога Соединетите Американски Држави (САД) и Израел ја започнаа воената операција против Иран.
Меѓу загинатите се сопругата на новиот врховен лидер ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи, неговата ќерка, зетот на починатиот лидер и 14-месечната внука.
По смртта на Али Хамнеи, функцијата врховен лидер ја презеде неговиот син Моџтаба Хамнеи, кој досега не се појави во јавноста и не присуствуваше на погребните церемонии.
In the early hours of Friday, July 10, 2026, the pure body of the martyred Leader of the Islamic Revolution, Grand Ayatollah Sayyid Ali Hosseini Khamenei (may Allah sanctify his pure soul), was laid to rest in the luminous shrine of Imam Reza (pbuh).#WeMustRise pic.twitter.com/ter46Wyov3
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) July 9, 2026
Информацијата за погребувањето на Хамнеи е објавена и на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Икс.
