Според Штабот за одбележување на церемониите, телото на Хамнеи по денешната поворка ќе биде пренесено во Ком, каде на 7 јули ќе се одржат верски обреди. На 8 јули се предвидени комеморативни церемонии во ирачките свети градови Наџаф и Кербала, а погребот ќе се одржи на 9 јули во светилиштето на имамот Реза во Машхад
Изминатите денови во Техеран пристигнаа делегации од повеќе земји, меѓу кои Русија, Кина, Индија, Пакистан, Ирак, Таџикистан и Турција, предводени од шефови на држави, премиери и високи државни претставници, за да му оддадат почит на починатиот ајатолах
Милиони луѓе денеска се приклучија на погребната поворка во Техеран за да го испратат телото на починатиот врховен верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, на пат кон светиот град Ком, јавуваат иранските медиуми, а пренесува Си-ен-ен.

Граѓани од сите делови на земјата излегоа на улиците на главниот град, а иранските власти тврдат дека станува збор за најголемиот јавен собир во современата историја на Иран.
Поворката започна утрово во 6 часот по локално време од верскиот комплекс „Голема Мосала“ во Техеран, каде изминатите два дена беше изложено телото на Хамнеи.
Организаторите очекуваат поворката, која се движи по траса долга околу 10 километри, да трае меѓу 10 и 12 часа. Маршрутата минува по улицата „Дамаванд“, преку плоштадите „Имам Хусеин“ и „Азади“, а завршува во близина на аеродромот „Мехрабад“, долж автопатот „Шахид Лашгари“.
Во Техеран во изминатите денови пристигнаа делегации од повеќе земји, меѓу кои Русија, Кина, Индија, Пакистан, Ирак, Таџикистан и Турција, предводени од шефови на држави, премиери и високи државни претставници, за да му оддадат почит на починатиот ајатолах.
Во саботата и неделата и граѓаните имаа можност да се простат од врховниот лидер.
Организаторите соопштија дека се преземени сите неопходни здравствени, медицински и безбедносни мерки поради очекуваниот голем број посетители. Според Штабот за одбележување на церемониите, телото на Хамнеи по денешната поворка ќе биде пренесено во Ком, каде на 7 јули ќе се одржат верски обреди.
На 8 јули се предвидени комеморативни церемонии во ирачките свети градови Наџаф и Кербала, а погребот ќе се одржи на 9 јули во светилиштето на имамот Реза во Машхад.
Како што соопшти иранската државна новинска агенција ИРНА, ова била лична желба на Хамнеи.
Хамнеи и членови на неговото семејство се убиени кон крајот на февруари во почетната фаза од војната меѓу Иран, САД и Израел.
