Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот ‘фостер’ што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека овој лек повторно ќе биде достапен зa пациентите без доплата, во најскоро време
Лекот „фостер“ повторно ќе биде достапен без доплата, информира Министерството за здравство. Во објавата од Министерството не прецизираат временски период, од кога лекот ќе биде достапен за пациентите – наведуваат дека тоа ќе се случи во најскоро време.
Од ресорното министерство додаваат дека ќе продолжат со активности со кои ќе сe овозможи поголема достапност на лековите по поприфатливи цени зa граѓаните.
„Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот ‘фостер’ што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека овој лек повторно ќе биде достапен зa пациентите без доплата, во најскоро време“,
велат од Министерството за здравство.
Од СДСМ обвинија дека Владата ги изигра и излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест, бидејќи покрај зголемувањето на цената на лекот „фостер“ од околу 300 на 1 080 денари, како што велат, во аптеките го нема ниту заменскиот лек.
„Во оваа сиромаштија во која ВМРО ги доведе граѓаните, многу пациенти едноставно немаат можност да издвојат уште 780 денари плус за терапија без која не можат нормално да живеат. Фондот им вети на пациентите бесплатен генерички лек како замена за лекот ’фостер’. А, сега ниту тој генерички лек кој на рецепт е бесплатен, според информациите кои стигнаа до нас, сè уште го нема во аптеките. Ова е бесрамно поигрување со здравјето на хронично болните пациенти, чие здравје зависи од овој лек“,
рече Кузеска.
