Бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец останува стабилен, но се предупредува дека ризикот за пловидба и натаму е зголемен и се препорачува засилена претпазливост
Според податоците, бродот се наоѓал на околу осум наутички милји источно од Лимах, Оман, кога е погоден од левата страна, по што избувнал пожар
Непознат проектил погоди танкер во Ормускиот Теснец, соопшти синоќа британскиот центар за Поморски безбедносни и трговски операции (УКМТО), пренесува Си-ен-ен.

Според податоците, бродот се наоѓал на околу осум наутички милји источно од Лимах, Оман, кога е погоден од левата страна, по што избувнал пожар.
Во инцидентот нема повредени, ниту има последици врз животната средина.
„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименуван американски функционер, објави дека припадници на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) отвориле оган кон два комерцијални брода во близина на Ормутскиот Теснец.
Слични информации објави и „Аксиос“ дека Иран испукал ракети кон комерцијални бродови што пловеле низ Теснецот.
UKMTO WARNING 080-26 – ATTACK
— UKMTO Operations Centre (@UK_MTO) July 6, 2026
Click here to view UKMTO Products⤵️ https://t.co/Oc7hGsk3Do#MaritimeSecurity #MarSec pic.twitter.com/uK8cm9a76M
Инцидентот се случи само неколку часа пред американскиот претседател Доналд Трамп да отпатува за Анкара, каде ќе учествува на Самитот на НАТО.
Според најавите, безбедносната состојба во Ормускиот Теснец ќе биде една од темите на разговорите меѓу лидерите.
Во исто време, Иран ги одбележува повеќедневните погребни церемонии за поранешниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, поради што Техеран ги прекина разговорите со САД за постигнување траен договор за прекин на конфликтот.
Ормускиот Теснец, низ кој пред почетокот на војната минуваше околу една петтина од светската трговија со сурова нафта, со години претставува една од главните геополитички точки на притисок во регионот.
Иранските власти претходно соопштија дека бродовите ќе мора да пловат по рути одобрени од нивните служби, а во неделата ИРГК објави дека распоредила патролни чамци за да ја контролира таканаречената „Оманска рута“.
Според британскиот центар за Поморски безбедносни и трговски операции (УКМТО), бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец останува стабилен, но се предупредува дека ризикот за пловидба и натаму е зголемен и се препорачува засилена претпазливост.
Податоците на „МаринТрафик“ покажуваат дека изминатите денови низ Ормускиот Теснец поминале 108 бродови.
Пред почетокот на војната, во просек повеќе од 100 бродови дневно го користеле овој стратешки поморски премин.
