Максималната температура ќе достигне 34 степени
Сончево време со мала до умерена локална облачност најавуваат синоптичарите за денес. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина од 60 km/h.
Максималната температура ќе достигне 34 степени.

Слично време се очекува и во Скопје – сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Според најавата од УХМР, следува период на сончево време со променлива облачност во текот на денот, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
