Мицкоски, во одговор на новинарско прашање, рече дека ќе ги прифатат сите барања и забелешки што доаѓаат од опозицијата, освен нивното противење во измените на Законот да влезе можноста дијаспората на следните претседателски избори да гласа по електронски пат, на што инсистира ВМРО-ДПМНЕ
Во таа насока беше и тврдењето на премиерот дека нема намера да се кандидира за претседател на државата бидејќи, како што рече, имало шпекулации од опозициските партии дека ВМРО-ДПМНЕ ја бараа оваа измена токму од оваа причина
Немам намера да се кандидарам за председател на државата на изборите во 2029 година и кога ќе ми заврши мандатот како претседател на владата, ќе се вратам на факултет како професор. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со несогласувањата меѓу опозициските СДСМ и Левица, од една, и ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна.

Имено, Мицкоски за време на денешната посета на Општина Кисела Вода беше прашан дали разговарале со опозицијата во однос на нивните забелешки и дали можеби се размислува за повлекување на измените на Изборниот законик.
Мицкоски, во одговорот на прашањето рече дека ќе ги прифатат сите барања и забелешки што доаѓаат од опозицијата, освен нивното противење во измените на Законот да влезе можноста дијаспората на следните претседателски избори да гласа по електронски пат, на што инсистира ВМРО-ДПМНЕ.
Во таа насока беше и тврдењето на премиерот дека нема намера да се кандидира за претседател на државата, бидејќи, како што рече имало такви шпекулации од опозициските партии дека ВМРО-ДПМНЕ ја бараа оваа измена токму од оваа причина.
„Прво, немам намера да се кандидирам во 2029 година за претседател на државата. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата, се враќам на факултет. Второ, кога зборувам за прифаќање на нивните предлози, сè што ќе предложат, ќе им прифатиме, освен гласањето на дијаспората и, трето, мораме сите заеднички, бидејќи сите го правевме, да се потпишеме како поднесок на истиот тој закон“, изјави Мицкоски.
Претходно говорејќи за позицијата на Левица, Мицкоски ја обвини опозициската партија за лицемерие, оти, како што кажа, тие цело време биле во работната група при подготовка на решенијата, но кога требало да се потпишат на усогласениот текст на измените на изборниот законик, партијата одбила.
„Нивниот главен фокус беше на финансирањето (изборната) кампања, се што побараа им беше прифатено. Усогласено беше со сите што преговара, впрочем има и записници. Сега ние не можеме едно да зборуваме позади завеса, а друго да правиме пред завеса. Проблемот каде настаната? Кога политичката партија Левица рече ние нема да се потпишеме, виде потпишете се, ние нема да правиме филибастеринг, вие слободно гласајте го, и така да помине. Со тоа каква порака испраќаат? Ние добивме тоа што сакаме, работевме цело време најлицемерно, сега откажуваме за да се прикажеме пред оние кои нас не поддржуваат демек еве ние сме тврдокорните, Робеспјерови некакви следбеници или не знам што, а во суштина како мачиња сè си прифатија за време на дебата. Тоа е таа лицемерна политика која ова политичка партија ја води, и еве да им олеснам бидејќи гледам дека во јавноста шпекулираат со тоа дека јас сум предложил дијаспората да биде вклучена во гласањето што е природно на електронски начин од следните претседателски избори во 2029 година, па јас ќе сум се кандидарал, па затоа тоа сум го предложил. Нема да се кандидирам, кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата се враќам на факултет меѓу студентите“,
изјави Мицкоски.
Во истиот контекст, тој ја обвини и СДСМ дека и тие се придружиле на блоката, со тоа што најавиле дека ќе поднесат амандмани на Изборниот законик, оти и тие имале некакви забелешки.
На тоа, повтори премиерот, од ВМРО-ДПМНЕ јансо кажале дека ќе ги прифатат сите барања и забелешки, освен делот кој се однесува на електронското гласање на дијаспората, оти ценат дека и таа треба да го оствари своето гласачко право.

„Бидејќи да речеме, во Австралија некој треба да патува 10 часа со авион, 10 часа напред, 10 часа назад за да го оствари своето гласачко право, и тоа не е коректно. Јас зборувам за оние коишто се на изборачкиот список и оние коишто поседуваат македонски пасоши, за тие зборувам. Се останато, како што ќе кажат, така ќе прифатиме, еве нема да гледаме, бланко им даваме поддршка на се останато – една изборна единица, една изборна единица – бидејќи сега гледам дека секој нешто паметува, секој нешто кажува, ама не може таа една изборна едница да ја оставиме така по природен пат да си тече. Мора за да сте сериозни, за да покажете сериозност мора да има одреден цензус, кој вие морате да го постигнете за да влезете во парламентот. Ова не е шведска маса, па што ни чини – да си прифаќаме, што не ни чини – да си оставаме на масата. Тоа така не функционира. Мора да сме одговорни и зрели луѓе затоа што граѓаните од нас очекуваат одговорност и зрелост, а не политикантство и детски манири да покажуваме, а се обидуваме да бидеме сериозни политичари“,
рече премиерот.
Прашан што доколку не се постигне договор меѓу партиите од власта и СДСМ и Левица, Мицкоски рече дека тогаш ќе имаме стар Изборен законик.
На дополнително прашање дали тоа ќе влијае на оценката од Европската Унија, премиерот кажа дека од „10 чекори коишто ни се во грејс период девет ќе исполниме, еден нема“.
