На местото на настанот се упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје
Чадот од пожарот е видлив од повеќе локации на главниот град
Пожар избувна денеска во скопската општина Шуто Оризари, во близина на стовариште на компанијата „Џиди комерц“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пријавата за пожарот, како што информираат оттаму, е примена преку единствениот број за итни повици 112.
„Гори сува трева, а огнот се шири кон околните куќи“,
се вели во соопшението од ЦУК.

За случајот е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи се упатени на терен.
Инаку, чадот од пожарот се гледа од повеќе локации на Скопје.

