По пријавената измама, од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот

Полицијата постапува по пријавена измама, откако 43. годишен маж од Гостивар пријавил дека скопјанец му ветил возачка дозвола без да полага, барајќи за услугата 1 300 евра.
Стапиле во контакт преку пријател, а гостиварецот, откако во неколку наврати дал голем дел од парите, а не ја добил возачката, сфатил дека е измамен и го пријавил случајот во полиција.
„На 26. 06. 2026 во 10:20 часот во ПС Гостивар, 43. годишен маж од Гостивар пријави кривично дело ‘измама’. Според пријавеното, пред околу четири месеци, преку негов пријател, тој стапил во контакт со И.Ј. од Скопје. На средба во Скопје, пријавениот му ветил дека ќе му обезбеди возачка дозвола без да полага, барајќи за услугата 1 300 евра и копија од лична карта. Пријавителот во неколку наврати му исплатил вкупна сума од 1 200 евра, но бидејќи ветената возачка дозвола не му била дадена, сфатил дека е измамен“,
соопшти полицијата.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
