За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло

Сончево и топло време со мала до умерена облачност е денешната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови се очекува да има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде од 10 до 20 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од 29 до 38 степени.
И во Скопје денеска ќе има сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Температурата ќе се движи од 15 степени наутро до 35 во текот на денот.
Метеоролозите за утре најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде од 30 до 37 степени.
За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.
