Според најавата на УХМР, од петок следува период на претежно сончево и потопло време и дневни температури кои насекаде во земјата ќе бидат над 30 степени
Развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер како последица на циклонска активност во Турција – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 18 степени, а максималните од 25 до 36 степени.
Времето во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 17 до максимални 33 степени.
Според најавата на УХМР, под влијание на циклонска активност од Турција, денеска и утре ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, a од петок следува период на претежно сончево и потопло време.
