Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат оти пожарникарот е во стабилна состојба и надвор од животна опасност
При интервенција на пожар во скопското село Визбегово, во Општина Бутел, каде гореле дива депонија и сува трева, при ненадејна експлозија е повреден еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи.

Оттаму велат дека причините за експлозцијата се уште не е позната, но првичните претпоставки велат дека веројатно станува збор за експлозија на боца која била под притисок.
Состојбата на повредениот пожарникар е стабилна и тој се наоѓа надвор од животна опасност, а според првичните информации од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, тој се здобил со повреди на ногата и на увото, по што веднаш бил пренесен и третиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
