Српските медиуми пренесуваат дека несреќата се случила кога момчето се закачило на конструкцијата, која потоа паднала врз него

Дванаесетгодишно момче е тешко повредено во Младеновац, Република Србија, кога врз него паднала метална конструкција од автобуска постојка.
Момчето било пренесено во болницата, а според неофицијални информации, тој е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Српските медиуми пренесуваат дека несреќата се случила кога момчето се закачило на конструкцијата, која потоа паднала врз него.
Од полицијата и надлежното обвинителство велат дека истрагата е во тек.
