Владата, како што посочи, ќе поддржи инвестиции со значителен енергетски капацитет, под услов да бидат исполнети сите законски и технички критериуми. Според него, регулативата што се подготвува ќе биде усогласена со највисоките меѓународни стандарди
Владата не промовира, како што рече, „марихуана економија“, туку современ и одржлив економски модел кој се темели на развој на технологијата и индустриите со висока додадена вредност. Разликата меѓу актуелната и претходната власт, како што рече, е токму во пристапот кон економскиот развој, оценувајќи дека сегашната Влада се фокусира на технолошки напредок и инвестиции во модерна инфраструктура
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да се откаже од плановите за привлекување инвестиции во дата центри, оценувајќи дека тие се клучни за технолошкиот и економскиот развој на државата.

Коментирајќи ги реакциите во јавноста по неговата изјава дека се водат разговори со десетици компании заинтересирани за инвестирање во дата центри во земјава, Мицкоски рече дека дел од критиките претставуваат обид за создавање хистерија и попречување на развојните процеси.
„Откако излезе оваа вест забалежувам хистерија кај одредена група на луѓе, која има за цел да создаде хистерија во општеството и потоа сите да веруваме дека таа хистерија е точна. Јас сум професор. Сигурно на тие кои ја предизвикуваат таа хистерија не им е повеќе за оваа држава и граѓани, отколку мене како техничко лице, барем исто. Е сега ако е исто, и ако главните пораки од овогодинешниот Светски бизнис форум во Давос беа вештачка интелигенција, а секој инженер знае дека мора да има податочни центри за да функционира таа вештачка интелигенција, а за да тие функционираат мора да има електрична енергија. Ако светот својот развој во иднина го темели на тоа, како Влада не можеме да се помириме со фактот дека таа мала група на луѓе која создава хистерија, ќе се обиде повторно да го попречи развојот на државата. Франција е лидер во инвестиции во вештачка интелигенција и во податочни центри. Во 2024 или 2025 година, не ме фаќајте за збор, околу 70 милијарди евра се инвестирани во Франција. Америка, главните два столба на кои го темели растот на економијата е токму на современата технологија – вештачката интелигенција и податочните центри“,
рече тој по пуштањето во употреба на дом за стари лица во Општина Илинден.
Владата, како што посочи, ќе поддржи инвестиции со значителен енергетски капацитет, под услов да бидат исполнети сите законски и технички критериуми. Според него, регулативата што се подготвува ќе биде усогласена со највисоките меѓународни стандарди.
„Како Влада апсолутно носиме одговорност и сè ќе сториме нашата заедничка Македонија да биде онаква каква што треба – модерна, богата, современа, а притоа да не го нарушиме комфорот на живот на граѓаните. Ги решаваме наследените проблеми. Се обидуваме да ја развиваме државата, да создаваме нова вредност и нема да се повлечеме поради малкумина, кои создаваат хистерија и мислат дека на тој начин ќе го манипулираат народот“,
вели премиерот.
Порача дека ќе застане зад секој проект, како што рече, не за еден мегават, не за пет, туку и сто и повеќе мегавати, кога ќе бидат исполнети условите согласно закон, како и техничките критериуми.
„Тие ќе бидат содржани и во закон и во правилник како подзаконски акт, кои уверува дека нема да бидат ништо послаби од тие што се во Соединетите Американски Држави, Франција и во другите европски држави.
рече Мицкоски.
Според него, развојот на вештачката интелигенција е еден од главните светски трендови и дека дата центрите претставуваат неопходна инфраструктура за нејзино функционирање.
„Кога излезе веста дека голема американска компанија ќе гради таков податочен центар во Хрватска, имаше луѓе коишто реагираа зошто не инвестираат и во Македонија. Кога објавивме дека имаме десетици такви писма со намери коишто сакаат да инвестираат во вакви податочни центри, се појавија неколкумина коишто на социјалните медиуми се обидуваат хистерија да направат“,
изјави тој, порачувајќи дека само со следење на светските трендови ќе се развива државата, ќе се креираат добро платени места и ќе се задржат луѓето.
Посочи дека државата мора да го следи тој пат оти во спротивно ќе остане заглавена во минатото.
Владата не промовира, како што рече, „марихуана економија“, туку современ и одржлив економски модел кој се темели на развој на технологијата и индустриите со висока додадена вредност.
Според него, владините политики се насочени кон развој на модерна економија, особено преку инвестиции во податочни центри и напредни технолошки решенија.
„Тоа ќе продолжиме да го нудиме. Ќе дојдат избори и граѓаните ќе одлучат дали ќе гласаат за современа технологија и податочни центри или за нешто друго“,
рече Мицкоски.
Разликата меѓу актуелната и претходната власт, како што рече, е токму во пристапот кон економскиот развој, оценувајќи дека сегашната Влада се фокусира на технолошки напредок и инвестиции во модерна инфраструктура.
