За време на викендот ќе се задржи посвежо време, додека од почетокот на следната седмица се најавува постепен пораст на температурите
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
„Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 22 до 28 степени, што претставува значително намалување во однос на претходните денови“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време, проследено со засилен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе достигнува и силен интензитет.
„Минималната температура ќе изнесува околу 12 степени, а максималната ќе достигне до 27 степени“,
информира УХМР.
За време на викендот ќе се задржи посвежо време, додека од почетокот на следната седмица се најавува постепен пораст на температурите.
До четврток ќе преовладува претежно сончево и стабилно време.
Исклучок ќе биде среда, кога се очекуваат нови врнежи од дожд.
