„Постигнавме договор според кој Иран никогаш нема да поседува нуклеарно оруже, што беше и целта на сè низ што моравме да помине за да дојдеме до тоа. Тоа е навистина голема работ“, изјави Трамп во Белата куќа
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека голем дел од текстот што е во процес на преговори е финализиран, но посочи дека Иран нема да прави компримиси со своите цврени линии, наведувајќи дека Техеран не донел конечен заклучок
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Вашингтон и Техеран се на чекор до потпишување мировен договор, додавајќи дека поради ваквата околност ги откажува планираните нови ракетни напади врз Иран, по два дена ескалација на конфликтот што се закануваше да го загрозаи и онака кревкиот прекин на огнот меѓу двете земји, договорен во април, пренесоа светските медиуми.

Од друга страна официјален Иран ги отфрли неговите тврдења изнесни на прес-конференција во Белата куќа и во објави на социјалните мрежи, откако Министерството за надворешни работи во Техеран соопшти дека не е постигната конечна одлука за договор.
„Врз основа на фактот дека разговорите со Исламската Република Иран се пренесени до највисоко ниво на иранското раководство и се одобрени, јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, ги откажа закажаните напади и бомбардирања врз Иран вечерва“,
напиша Трамп на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social).
Во разговор со новинарите во Овалната соба во Белата куќа, американскиот претседател изјави дека само што е постигнат, како што кажа, голем договор за ставање крај на војната со Иран и дека докумнетите кои се однесуваат на него се во конечна форма и дека наскоро треба да била финализирани и потпишани.
Како потенцијална локација за потпишување на договорот, американскиот претседател ја наведе Европа.
„Постигнавме договор според кој Иран никогаш нема да поседува нуклеарно оруже, што беше и целта на сè низ што моравме да помине за да дојдеме до тоа. Тоа е навистина голема работ“,
изјави Трамп во Белата куќа.
Тој наведе и дека Ормускиот теснец, клучен поморски пат кој Иран го затвори по почетокот на војната на 28 февруари, ќе биде веднаш отворен штом договорот биде потпишан.
Трамп наведе и дека разговарал со лидерите во регионот, вклучувајчи ги американските сојузници во Персискиот Залив и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Целиот Блиски Исток е многу задоволен“,
рече американскиот претседател.
Инаку, како што потсетува британски „Гардијан“, Трамп досега повеќе пати изјавуваше дека е блиску до постигнување мировен договор со Иран, но, досега немаше некаков исход од таквите најави.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека голем дел од текстот што е во процес на преговори е финализиран, но посочи дека Иран нема да прави компримиси со своите цврени линии.
„Досега, Иран не донесе конече заклучок за договор“,
изјави Багаеи, цитираат светските агенции.
Полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, објави дека додека Иран не објави дека потенцијално се согласува, секоја вест од Трамп во врска со ова прашање треба да се отфрли.

Дипломат информиран за разговорите за новинските агенции рекол дека договорот во голема мера бил финализиран пред неколку недели, но дека сè уште постои 50 отсто шанса тој да пропадне.
Според „Гардијан“ новиот договор треба да обезбеди временска рамка за деминирање на Ормускиот теснец, за време на која американската поморска блокада на иранските пристаништа ќе остане во сила. Исто така, се наведува дека дискутираат механизми за понатамошни разговори за иранската нуклеарна програма и ослободување на замрзнатите ирански средства, но во договорот наводно не се содржани конретни одредници кога тоа треба да се случи.
Од Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштија дека дека Израел не е страна во меморандумот за разбирање со Иран, но премиерот на земјата изразува благодарност за посветеноста на Трамп поради тоа што конечниот договор ќе вклучува отстранување на збогатениот материјал, ограничувања на производството на ракети и прекин на поддршката за посредници во регионот, мерки што Иран претходно ги означи како свои црвени линии во разговорите.
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, вчера повторно ги повика САД и Иран да се вратат на целосно спроведување на прекинот на огнот договорен во април и да избегнат понатамошно насилство што би можело да предизвика целосно продолжување на конфликтот, со непредвидливи последици за регионот и светот.
