Осврнувајќи се на најавите од опозициската Демокрстска унија за интеграција (ДУИ) дека и физички ќе го спречи донесувањето на законот, Гаши оцени дека таквиот речник не е соодветен за демократска држава
Смета дека законот треба да добие шанса да профункционира во пракса, по што може да се направи евалуација и дополнително да се подобрува
Потсети дека до 2015 година прашањето воопшто не било регулирано, а од 2016 година се применувала алатката „балансер“, која, според него, не обезбедувала соодветно и достоинствено регулирање на правичната застапеност
Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека предлог-законот за правична застапеност претставува законско регулирање на едно уставно начело и најави дека ќе биде донесен со таканаречено мало Бадентерово мнозинство.

„Процедурата за носење на предлог-законот е запазена. Веројатно в понеделник ќе се свика продолжение на денешната седница. Точката ќе се резгледа“,
кажа тој.
Осврнувајќи се на најавите од опозициската Демокрстска унија за интеграција (ДУИ) дека и физички ќе го спречи донесувањето на законот, Гаши оцени дека таквиот речник не е соодветен за демократска држава.
„Имаме Собрание, Устав и процедури. Во ред е пратениците да имаат свои ставови, да предлагаат идеи и амандмани, но демократијата подразбира владеење на мнозинството“,
кажа тој.
Како што беше најавено, повтори дека законот ќе се носи со„ мал Бадентер“, односно дека за усвојување на законот ќе бидат потребни најмалку 61 пратеник, како и мнозинство од присутните пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници.
Според него, подготовката за овој закон трае од почетокот на 2024 година, а неговата суштина е конечно да се воспостави законска рамка за спроведување на уставното начело за правична застапеност.
Посочи дека уште како пратеник во 2018 година имал забелешки за Законот за употреба на јазиците, сметајќи дека не ги исполнува целосно барањата за употреба на албанскиот јазик, но сепак го поддржал бидејќи претставувал чекор напред во однос на претходните законски решенија.
„Јасно беше дека Законот за јазици од 2018 година беше многу поунапреден од тој од 2008 или 2011 година. Ако направиме аналогија, Закон за правична застапеност немало. Од 2001 или 2002 година, кога е сменет Уставот, воопшто да нема закон и да донесете едно прашање кое е уставно начело, да го регулирате со закон, треба да се прифати во суштина“,
вели собранискиот спикер.
Тој додаде дека законот треба да добие шанса да профункционира во пракса, по што може да се направи евалуација и дополнително да се подобрува.
„Ајде да дамеме можност, можеме идната година да направиме еваулација и сите заедно да го подобриме. Тие што го подготвуваа законот мислеа на подигнување на еден цел систем, како едно уставно начело да биде изрегилирано и изменаџирано и да профункционира со закон“,
рече Гаши.
Гаши потсети дека до 2015 година прашањето воопшто не било регулирано, а од 2016 година се применувала алатката „балансер“, која, според него, не обезбедувала соодветно и достоинствено регулирање на правичната застапеност.
Во врска со тврдењата на ДУИ дека тие се единствените вистински застапници на интересите на Албанците, Гаши порача дека прашањето е што значи да се биде добар претставник на Албанците.
Според него, граѓаните, без разлика на етничката припадност, имаат слични потреби – економски развој, квалитетно образование, подобри здравствени услуги и достоинствен живот.
„Албанците и Македонците кои ги поттикнуваат меѓуетничките тензии ниту се добри Албанци, ниту се добри Македонци“,
истакна Гаши, додавајќи дека подобрувањето на меѓуетничките односи останува еден од клучните предизвици за државата.
Гаши се осврна и на критиките дека значајни законски решенија, како измените на Кривичниот или тој за укинување на техничката влада, но и во однос на крупните финансиски задолжувања, често се носат по скратена постапка.
Посочи дека уште од почетокот на мандатот инсистира на поширока дебата и редовни процедури, но нагласи дека одлуката за видот на постапката ја носи предлагачот на законот, односно Владата или група пратеници, а не претседателот на Собранието.
Говорејќи за можноста правосудниот испит да се полага на албански јазик, собранискиот спикер оцени дека тоа е праведно решение за студентите кои студирале право на албански јазик на државните универзитети.
Според него, кандидатите не треба да бидат ставени во понеповолна положба поради правната терминологија што ја изучувале на друг јазик. Истовремено, нагласи дека македонскиот јазик останува единствениот службен јазик во судските постапки и дека неговиот статус не се доведува во прашање со полагањето на испитот на албански јазик.
Најави дека ќе се бара решение кое ќе ги задоволи потребите на студентите што студирале на албански јазик, без да се наруши квалитетот на судските постапки.
Во однос на евентуална реконструкција на Владата, тој рече дека тоа е прашање за премиерот и дека Собранието ќе постапи кога ќе биде доставен соодветен предлог.
За можноста од предвремени парламентарни избори, Гаши повтори дека негов принципиелен став е изборите да се одржуваат во редовните законски рокови.
