Осомничениот во период од јануари до март вршел полови дејствија врз малолетно девојче додека престојувал во домот на нејзиното семејство во светиниколско село
Триесет и тригодишник од село во Општина Карбинци е приведен поради сомнение дека со месеци силувал малолетно девојче и му пренел заразна болест.

Според наводите на Министерството за внатрешни работи, Б.Т. (33) во периодот од јануари до март годинава вршел полови дејствија врз малолетно девојче додека престојувал во домот на нејзиното семејство во светиниколско село.
„Вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на детето и на него“,
соопшти МВР.
Осомниченот 33-годишник е приведен пред два дена.
