Централната команда на САД соопшти дека нападите се спроведуваат по наредба на врховниот командант на војската на Соединетите Држави, односно американскиот претседател Доналд Трамп, кој пет часа претходно го обвини Техеран дека го соборил воениот хеликоптер додека патролирал во Ормускиот теснец
По извештајот дека се започнати напади, министерот за надворешни работи на Иран, Арагчи на платформата Икс напиша дека Техеран нема да остави ниту еден напад или закана без одговор
Централната команда на воените сили на САД (CENTKOM) доцна вечерва соопшти дека нејзините сили започнале воздушни напади врз Иран како одговор на падот на воениот хеликоптер АХ-64 „апачи“ во близина на Ормускиот теснец.

Интервенцијата која Централната команда ја опишува како „напади во самоодбрана“, доаѓа само неколку часа откако американскиот претседател во објава на социјалните мрежи напиша дека Техеран е одговорен за соборувањето на хеликоптерот.
Новинската агенција Ројтерс, пренесувајќи извештаи на иранските државни медиуми, наведува дека експлозии одекнале во пристанишниот град Бандер Абас и на островот Кешм.
Централната команда на САД соопшти дека нападите се спроведуваат по наредба на врховниот командант на војската на Соединетите Држави, односно американскиот претседател Доналд Трамп.
„Силите на Централната команда на САД (CENTCOM) започнаа со напади за самоодбрана против Иран денес во 17 часот по источно американско време (23 часот според средноевропско време) по наредба на врховниот командант, како одговор на вчерашното соборување на хеликоптерот ‘апачи’ на американската армија. Мисијата е пропорционален одговор на неоправданата иранска агресија“,
се вели во објавата.
U.S. Central Command (CENTCOM) forces began launching self-defense strikes against Iran at 5 p.m. ET today at the Commander in Chief’s direction, in response to yesterday’s downing of a U.S. Army Apache helicopter. The mission is a proportional response to unjustified Iranian…
— U.S. Central Command (@CENTCOM) June 9, 2026
Пет часа пред воздушните напади, Трамп на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social) објави дека САД мора да реагираат на падот на хеликоптерот, во кој двајца членови на екипажот беа спасени и се во стабилна состојба.
Во изјава за репортер на Еј-би-си њуз, што ја пренесува британски „Гардијан“, американскиот претседател наводно рекол дека сака многу моќен одговор на соборувањето на американскиот хеликоптер од страна на Иран и дека токму таков сега испорачуваат силите на САД врз Иран.
„Мислам дека е многу важно да се одговори. Тие соборија хеликоптер, а ние одговораме додека сега зборуваме. Ова е одговор за она што го направија со нашиот хеликоптер и верувам дека одговорот треба да биде многу силен, многу моќен, а токму таков е овој“,
рекол Трамп во телефонски разговор со дописникот на Еј-би-си њуз.
Инаку, според Ројтерс, иранските државни медиуми објавиле дека во последните 24 часа немало воздушни воени операции во Ормускиот теснец од страна на Иран, што би требало да значи дека Техеран не го соборил американскиот воен хеликоптер. Сепак, воениот извор цитиран од иранските државни медиуми изјавил дека ќе следи решителен одговор на секое обновено непријателство од страна на САД поради падот на хеликоптерот.
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи претходно во вторникот предупреди дека странските сили во близина на територијата на Иран се во постојан ризик поради сопствени човечки грешки, обични несреќи, како и поради можноста да се најдат во вкрстен оган, пренесе Би-би-си.
По извештајот дека се започнати напади, министерот за надворешни работи на Иран, Арагчи на платформата Икс напиша дека Техеран нема да остави ниту еден напад или закана без одговор.
Објавувајќи слика од Ормускиот теснец со ознака „Засекогаш Персиски Залив“, Арагчи вели дека „и покрај поразите на бојното поле, САД одлучија да ја тестираат нашата решителност“.
„Напуштете го нашиот регион ако сакате да бидете безбедни. Историјата на Персискиот Залив има многу поглавја за ужасните судбини на натрапниците однадвор“,
додава тој во објавата.
Despite its defeats on the battlefield, the U.S. opted to test our determination.
— Seyed Abbas Araghchi (@araghchi) June 9, 2026
Our Powerful Armed Forces will leave no attack or threat unanswered.
Leave our region if you want to be safe.
History of the Persian Gulf has many chapters on dire fates of intruding outsiders. pic.twitter.com/O17GGtklxA
