Изворите велат дека сè уште не е утврдено дали хеликоптерот е погоден од иранските сили, дали имало механички дефект или причината за несреќата е некој друг проблем. Белата куќа и Централната команда на американската армија (ЦЕТКОМ) сè уште не дадоа коментар за инцидентот
На темата се огласи единствено американскиот претседател Доналд Трамп, кој, одговарајќи на новинарски прашања по натпреварот од финалната серија на НБА, кажа дека двајцата пилоти се во добра состојба
Американскиот воен хеликоптер АХ-64 „апачи“ се урна во близина на Ормускиот Теснец, а двајца членови на екипажот се безбедно спасени, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со инцидентот.

Според „Њујорк тајмс“, причината за падот засега е непозната, а истрагата е во тек.
Изворите велат дека сè уште не е утврдено дали хеликоптерот е погоден од иранските сили, дали имало механички дефект или причината за несреќата е некој друг проблем.
Белата куќа и Централната команда на американската армија (ЦЕТКОМ) сè уште не дадоа коментар за инцидентот.
На темата се огласи единствено американскиот претседател Доналд Трамп, кој одговарајќи на новинарски прашања по натпреварот од финалната серија на НБА кажа дека двајцата пилоти се во добра состојба.
„Пилотите се добро, нема повредени“,
рече тој.
Инцидентот се случува во период на зголемени тензии на Блискиот Исток, откако Иран и Израел во неделата вечерта извршија меѓусебни директни напади, први по неколку месеци.
Американската војска користи хеликоптери „апачи“, беспилотни летала МКЈУ-9 „Рипер“, како и борбени авиони Ф/А-18 и Ф-35 во операции насочени кон одржување на безбедна пловидба низ Ормускиот Теснец.
„Апачи“ редовно патролираат низ областа на Теснецот за да ги одвратат нападите од помали бродови и да соборат беспилотни летала, а често дејствуваат во близина на иранска територија и острови контролирани од Техеран.
Како што пишува „Њујорк тајмс“, неколку американски борбени авиони се изгубени од почетокот на конфликтот на 28 февруари. Доколку се потврди губењето и на овој авион, тоа би бил првиот хеликоптер „апачи“ изгубен во тековниот конфликт.
