Од Министерството најавуваат дека следната седница на работната група ќе се одржи в петок, 12 јуни, по што законските измени ќе се финализираат и ќе се достават во понатамошна процедура
Изборните реформи влегуваат во својата завршна фаза – објави Министерството за правда по денешната седма седница на работната група за реформи во Изборниот законик на која, како што соопштија оттаму, биле разгледани предлозите, мислењата и забелешките од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во подготовката на измените на ИЗ.

„На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските решенија со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, при што членовите на работната група водеа интензивна и конструктивна расправа за повеќе прашања кои директно влијаат врз транспарентноста, интегритетот и кредибилитетот на изборниот процес“,
велат од Министерството за правда, истакнувајќи ја посветеноста и активното учество на сите членови на работната група во духот на дијалог и професионалност.
Оттаму најавуваат дека следната седница на работната група ќе се одржи в петок, 12 јуни, по што законските измени ќе се финализираат и ќе се достават во понатамошна процедура.
