На социјалните мрежи се појавија видеа кои покажуваат урнати и оштетени објекти во регионот Минданао, додека властите соопштија дека се прекинати електричната енергија и телекомуникациските услуги во повеќе погодени области
По главниот потрес се регистрирани повеќе од 130 последователни земјотреси, со јачина од 1,3 до 6,7 степени. Во некои области дошло и до прекини во електричната енергија и комуникациите, кои подоцна се обновени
Најмалку 19 лица загинаа, 134 се повредени, а 12 се водат како исчезнати по силниот земјотрес што утринава го погоди јужниот дел на Филипините, соопштија локалните власти, а пренесува Ројтерс.
Земјотресот со магнитуда од 7,8 степени се случи во 7:37 часот по локално време, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (ФИВОЛКС).
Епицентарот е лоциран југозападно од градот Маасим, во провинцијата Сарангани, на островот Минданао.

Геолошкиот институт на САД (УСГС) првично ја процени магнитудата на 8,2 степени, но подоцна ја ревидираше на 7,8 степени. Според податоците, земјотресот се случил на длабочина од околу 55 километри и бил проследен со бројни последователни потреси.
Најголеми штети се пријавени во градот Генерал Сантос, каде што живеат околу 70 000 жители.
На социјалните мрежи се појавија видеа кои покажуваат урнати и оштетени објекти во регионот Минданао, додека властите соопштија дека се прекинати електричната енергија и телекомуникациските услуги во повеќе погодени области.
Локалните власти соопштија дека најмалку 134 лица се повредени во неколку провинции, меѓу кои Јужен Котабато, Султан Кударат, Сарангани и градот Генерал Сантос.
Сепак, овие бројки сè уште се сметаат за прелиминарни и чекаат потврда од националните институции за катастрофи.
Earthquake in General Santos City, The Philippines on June 8, 2026 pic.twitter.com/ye8LHYwVzB
— Noypi (@noypistuff) June 8, 2026
Кратко по потресот, јапонските власти издадоа предупредување за можно цунами, а подоцна се забележани бранови во јужните области на Јапонија, како и во делови од Индонезија, Палау и Филипините, со висина од неколку сантиметри до 1,4 метри.
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор нареди итни мерки за помош и апелираше граѓаните да ги следат упатствата на надлежните служби.
Во погодените области е наредено и привремено прекинување на наставата, што се совпаднало со почетокот на новата учебна година.
На видеоснимка од едно училиште во покраината Давао Оксидентал се гледаат ученици како остануваат на отворено додека земјата се тресе, а зад нив се урива училишно засолниште.
По главниот потрес се регистрирани повеќе од 130 последователни земјотреси, со јачина од 1,3 до 6,7 степени. Во некои области дошло и до прекини во електричната енергија и комуникациите, кои подоцна се обновени.
Филипините се наоѓаат на таканаречениот Пацифички огнен прстен, област позната по чести земјотреси и вулкански ерупции.
Силните земјотреси не се невообичаени во земјата, но експертите предупредуваат дека плитките земјотреси како овој честопати предизвикуваат најголема штета и се сериозна закана за населението.
