Во текот на неделава ќе се задржи топло време. Претпладневните часови ќе бидат претежно сончеви со мала до умерена облачност, додека попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Од петок се очекува постепено стабилизирање на временските услови
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според прогнозата, на одредени места ќе има услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната ќе се движи од 9 до 18 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне меѓу 26 и 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината попладне се можни краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер како резултат на локална нестабилност.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 32 степени.
Во текот на неделава ќе се задржи топло време. Претпладневните часови ќе бидат претежно сончеви со мала до умерена облачност, додека попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради зголемената енергија во атмосферата, на одделни места ќе има услови за поинтензивни временски процеси, со пообилни врнежи од дожд и изолирана појава на невреме проследено со град.
Од петок се очекува постепено стабилизирање на временските услови.
