Станува збор за лице барано со меѓународна потерница за сторени повеќе кривични дела – илегална миграција, криумчарење на мигранти и сексуална експлоатација
На подрачјето на Бит Пазар во Скопје е уапсен 40-годишниот Б.А.С. (40), холандски државјанин кој бил баран со меѓународна потерница, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, осомничениот е лишен од слобода од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, по претходно преземени оперативно-тактички мерки.
„Лицето е барано со меѓународна потерница распишана од Холандија за сторени повеќе кривични дела – илегална миграција, криумчарење на мигранти и сексуална експлоатација“,
соопшти МВР.

Од МВР додаваат дека Б.А.С. е предаден во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.
