Во рамки на работниот дел на конгресот, делегатите ќе работат во групи организирани по шест различни програмски столбови. Во тие рамки ќе се разгледуваат и доработуваат документите кои на крајот ќе бидат предложени за усвојување во нивната финална верзија
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го одржува својот 32. конгрес кој, како што соопштија од партијата, е посветен на новата идеолошка платформа и програмска рамка на СДСМ.

Почетокот е закажан во 11 часот во хотелот „Александар палас“. Конгресот ќе има отворен и работен дел.
Во рамки на отворениот дел, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе има обраќање до присутните, а свои обраќања ќе имаат и гостите на конгресот. Потоа ќе започне работниот дел на кој делегатите ќе работат во групи организирани по шест различни програмски столбови. Во тие рамки ќе се разгледуваат и доработуваат документите кои на крајот ќе бидат предложени за усвојување во нивната финална верзија.
