„Фетаи даде оставка за да биде назначен за специјален претставник во Брисел, односно да заземе нова функција“, рече копретседателот на Влен, Изет Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по настан во Скопје
Досегашниот вицепремиер задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата, ќе биде назначен за специјален владин претставник во Брисел. Ова денеска го објави копретседателот на Влен и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, одговарајќи новинарски прашања по настан во Скопје.

„Фетаи даде оставка за да биде назначен за специјален претставник во Брисел, односно да заземе нова функција“,
рече Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.
Вицепремиерот, кој беше кадар на Влен, во понеделникот поднесе оставка од функцијата и ја достави до премиерот Христијан Мицкоски откако претходно извесен период отсуствуваше од работа.
- Вицепремиерот Арбен Фетаи не оди на работа ниту, пак, на седници на Владата
- Мицкоски: Вицепремиерот Фетаи ми рече дека повеќе не се гледа во владата што ја предводам
Во оставката до премиерот Фетаи изрази благодарност за укажаната доверба да ја врши функцијата вицепремиер за добро владеење, но додаде дека во сегашните околности веќе не постојат неопходните услови за функцијата да ја извршува со потребната ефикасност. Рече дека заминува со крената глава и чиста совест.
