За сите лица кои се најдоа на списокот на граѓани кои одбиле да примат решение за самоизолација има писмен доказ, повратница од пошта за неуредна достава, посочува Државниот санитарен здравствен и инспекторат.
Од таму реагираа со соопштение до јавноста, откако дел од лицата се пожалија дека неправедно се ставени на листата и дека е направен пропуст.
Од инспекторатот велат дека за сите лица имаат писмен доказ од АД пошта на неуредна достава по неколку основи: непознато, се иселил, непотполна адреса и непозната адреса.
„За лицата кои во медиумите ги негираат решенијата, ДСЗИ има евиденција по кој основ не можеле да им бидат доставени истите. Заради точно информирање на јавноста, ДСЗИ Ве известува дека податоците за лицата кои се објавени во списокот ги добива од Институт за јавно здравје, преку доставен список по електронски пат, Центрите за јавно здравје, преку епидемиолошките анкети кои ги вршат епидемиолозите од центрите и ги доставуваат до ДСЗИ, врз основа на изјави кои лицата ги пополнуваат при влез во РСМ, а ДСЗИ ги добива преку МВР и за лицата кои изгледуваат од државен карантин, преку списоци кои ДСЗИ ги добива преку Министертво за здравство“,
се вели во соопштението на ДЗСИ.
Од таму апелираа сите граѓани да доставуваат точни податоци до здравствените работници кои ја обезбедуваат базата на податоци за издавање на решенија од ДЗСИ.
Списокот со имиња на граѓаните беше јавно објавен, бидејќи здравствените институции се пожалија дека со соочуваат со отпор од дел од граѓаните кои одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација или даваат грешни податоци.
