Полицијата досега констатирала 22 762 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 576 прекршоци во изминатото деноноќие, информираат од МВР.
Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени биле 120 контроли во објекти при што евидентиран е 1 објект кој не ги почитувал одлуките на владата.
На територијата на целата држава на вкупно 289 лица им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација.
Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лицa кои не ги почитувале овие мерки.
