Тековните дипломатски напори предизвикале незадоволство кај Нетанјаху, кој подолго време се залага за поагресивен пристап кон Техеран. Израелскиот премиер смета дека секое одложување им оди во прилог на Иранците. За време на едночасовниот разговор, Нетанјаху наводно му порачал на Трамп дека одложувањето на нападите е грешка и побарал продолжување на воените дејствија
Од друга страна, Трамп и натаму инсистира на можноста за дипломатско решение
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху имале тензичен разговор околу натамошниот пристап кон Иран. Причина за несогласувањата се нивните различни ставови за тоа како да се постапи со новиот предлог за завршување на војната, пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на објави на „Аксиос и „Волт стрит џурнал“.
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција во Белата куќа во 2025 година / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW / POOL
Разговорот, според Си-ен-ен, открил разлики меѓу двајцата лидери околу тоа како да се продолжи со конфликтот со Иран
Според информациите, Трамп во неделата му соопштил на Нетанјаху дека е можно САД да продолжат со нови целни напади врз Иран на почетокот на неделата, во рамки на операција која требало да го носи името „Операција Чекан“.
Сепак, само еден ден подоцна, американскиот претседател објавил дека ги запира планираните напади, наведувајќи дека одлуката е донесена по барање на сојузниците од Заливот, како Катар, Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати.
Земјите од Заливот, пак, се во постојан контакт со Белата куќа и пакистански посредници со цел да се изгради рамка за продолжување на дипломатските разговори со Иран.
„Во последните фази сме со Иран. Ќе видиме што ќе се случи“,
изјави Трамп, додавајќи дека или ќе биде постигнат договор или ќе следуваат непријатни потези.
Тековните дипломатски напори, како што пишува Си-ен-ен, предизвикале незадоволство кај Нетанјаху, кој подолго време се залага за поагресивен пристап кон Техеран. Израелскиот премиер смета дека секое одложување им оди во прилог на Иранците.
За време на едночасовниот разговор, Нетанјаху наводно му порачал на Трамп дека одложувањето на нападите е грешка и побарал продолжување на воените дејствија.
Од друга страна, Трамп и натаму инсистира на можноста за дипломатско решение.
На прашањето што му порачал на израелскиот премиер, американскиот претседател кусо одговорил:
И покрај притисоците од Израел, Трамп оценил дека разговорите со Иран се на самиот праг на можен договор и дека вреди да ѝ се даде уште малку време на дипломатијата доколку тоа може да спречи нови жртви.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека Иран и САД продолжуваат да разменуваат пораки преку посредство на Пакистан, која се одвива врз основа на првичен текст од 14 точки предложен од иранска страна.
„Пораките се разменети во неколку наврати, ги добивме ставовите на американската страна и во моментов ги разгледуваме“,
рече тој.
Сепак, според анализата на Си-ен-ен, засега не е јасно дали се намалени клучните разлики меѓу двете страни. Според регионален извор, Иран и натаму не се откажува од своите основни барања, додека прашањата поврзани со нуклеарната програма и замрзнатите средства остануваат нерешени.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп повторил дека воената опција сè уште е на маса.
„Ако не ги добиеме вистинските одговори, тоа ќе се случи многу брзо. Сите сме подготвени да продолжиме“,