На реконструираната пруга, која ќе биде електрифицирана, посочи дека возовите ќе се движат со брзина од 80 до 90 километри на час, наместо досегашните 20 до 30 километри
Како што рече, се работи и на другите две делници, кон Ѓорче Петров и Илинден, додавајќи дека целиот проект треба да биде заокружен во периодот 2027/2028 година
Реализацијата на проектот „Градски воз“ ќе претставува нов еколошки и побрз начин на транспорт за граѓаните кои секојдневно патуваат кон центарот на Скопје, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Од 1 септември започнува со изградбата на првата линија, која ќе ја опфаќа рутата од Зелениково, преку Драчево, Лисиче и Аеродром, до Транспортниот центар во Скопје, која, како што рече премиерот, треба да понуди алтернатива за патување за жителите од периферијата.
Одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник за доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров, Мицкоски истакна дека реконструираната и електрифицирана железничка линија ќе овозможи значително поголеми брзини на движење.
„Цениме дека ќе обезбедиме побрз и еколошки транспорт на голем дел од нашите сограѓани. На реконструираната пруга, која ќе биде електрифицирана, возовите ќе се движат со брзина од 80 до 90 километри на час, наместо досегашните 20 до 30 километри“,
рече тој.
Како што рече, се работи и на другите две делници, кон Ѓорче Петров и Илинден, додавајќи дека целиот проект треба да биде заокружен во периодот 2027/2028 година.
