Со ова, сенаторите кои ја поддржаа мерката порачаа дека овластувањето за испраќање американски трупи во војна треба да му припаѓа на Конгресот, согласно американскиот Устав, а не исклучиво на претседателот
Сепак, резолуцијата сè уште не е конечна. Таа треба да помине дополнителни законодавни процедури, вклучително и гласање во Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат републиканците, а можно е и претседателско вето
Американскиот Сенат усвои резолуција за ограничување на воените овластувања на американскиот претседател Доналд Трамп, со која би се ограничила можноста САД да продолжат со воени дејствија против Иран без претходно одобрение од Конгресот, пренесува „Гардијан“.

Резолуцијата е изгласана со 50 гласа „за“ и 47 „против“, а поддршка доби и од четворица републикански сенатори кои гласаа заедно со демократите.
Со ова, сенаторите кои ја поддржаа мерката порачаа дека овластувањето за испраќање американски трупи во војна треба да му припаѓа на Конгресот, согласно американскиот Устав, а не исклучиво на претседателот.
Сепак, резолуцијата сè уште не е конечна. Таа треба да помине дополнителни законодавни процедури, вклучително и гласање во Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат републиканците, а можно е и претседателско вето.
Предлагачот на резолуцијата, сенаторот од Вирџинија, Тим Кејн, изјави дека актуелниот прекин на огнот остава простор Трамп своите аргументи да ги образложи пред Конгресот.
„Сенатот треба да го искористи овој момент за да го направи она што требаше да го направиме пред да започне војната, а тоа е да разговараме за образложението, стратегијата, крајната состојба и трошоците за американските даночни обврзници и нашата економија“,
рече предлагачот Кејн во изјава пред гласањето.
