Инаку, пакистански извор потврдил дека Исламабад, кој посредува помеѓу двете завојувани страни откако беше домаќин на единствената рунда мировни преговори минатиот месец, го споделил иранскиот предлог со Вашингтон
Американскиот претседател вчера соопшти дека го паузирал планираното продолжување на нападите врз Иран, откако Техеран испратил нов мировен предлог до Вашингтон наведувајќи дека сега има многу подобри шанси да се постигне договор со кој се ограничува нуклеарната програма на Иран
Најновиот мировен предлог на Техеран до Соединетите Американски Држави (САД) вклучува прекин на непријателствата на сите фронтови, вклучувајќи го Либан, повлекување на американските сили од областите во близина на иранските граници и репарации за уништувањата предизвикани од нападите на САД и Израел, објавиле утрово иранските државни медиуми, пренесе Ројтерс.

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, во своите први коментари за предлогот на Техеран, што ги пренесе новинската агенција ИРНА, рекол дека неговата земја исто така бара укинување на санкциите, ослободување на замрзнатите ирански средства и прекин на поморската блокада на земјата од страна САД.
Како што наведува Ројтерс, условите што ги пренесуваат иранските државни медиуми не се разликуваат многу од претходната понуда на Техеран, која американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли минатата недела, оценувајќи ја како неприфатлива.
Инаку, американскиот претседател вчера соопшти дека го паузирал планираното продолжување на нападите врз Иран, откако Техеран испратил нов мировен предлог до Вашингтон наведувајќи дека сега има многу подобри шанси да се постигне договор со кој се ограничува нуклеарната програма на Иран.
Во објава на социјалните мрежи, Трамп наведе дека лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) побарале од него да го одложи нападот, сугерирајќи дека има големи шанси да се постигне договор кој ќе биде многу прифатлив за Соединетите Американски Држави и за сите земји од Блискиот Исток.
Подоцна вчера, тој изјави дека Соединетите Држави би биле задоволни доколку можат да постигнат договор со Иран што ќе го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје.
„Се чини дека има многу добри шанси тие (Иран) да постигнат нешто. Ако можеме да го направиме тоа без да ги бомбардираме до смрт, би бил многу среќен“,
им изјави Трамп на новинарите.
Инаку, пакистански извор потврдил дека Исламабад, кој посредува помеѓу двете завојувани страни откако беше домаќин на единствената рунда мировни преговори минатиот месец, го споделил иранскиот предлог со Вашингтон.
„Страните постојано ги менуваат своите цели… Немаме многу време“,
рекол пакистанскиот извор, пренесе Ројтерс.
Иако ниту една страна јавно не откри какви било отстапки во преговорите што се заглавени еден месец, висок ирански функционер вчера посочи дека е можно Вашингтон да ублажи некои од своите барања.
Изворот рече дека САД се согласиле да ослободат една четвртина од замрзнатите средства на Иран – вкупно десетици милијарди долари – што се чуваат во странски банки. Инаку, Иран бара да бидат ослободени сите нејзини замрзнати средства.
Дополнително, изворот на кој се повикува новинската агенција навел дека Вашингтон наводно покажал поголема флексибилност во насока да му дозволи на Иран да продолжи со одредена активност на својата нуклеарна програма под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)
Засега, нема потврда од САД дека се согласиле на каков било услов во разгoворите со Техеран.
Американски функционер, говорејќи под услов на анонимност, го негирал извештајот на иранската новинска агенција Тасним дека Вашингтон се согласил да се откаже од санкциите за нафта врз Иран додека преговорите се во тек.
Во американско-израелските напади врз Иран беа убиени илјадници луѓе пред да стапи во сила прекинот на огнот на почетокот на април.
Прекинот на огнот претежно се одржува одржан, иако неодамна беа лансирани беспилотни летала од Ирак кон земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Кувајт, очигледно од страна на Иран и неговите сојузници.
Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рекоа дека ја започнале војната за да ја ограничат поддршката на Иран за регионалните милиции, да ја демонтираат неговата нуклеарна програма, да ги уништат неговите ракетни капацитети и да создадат услови Иранците да гo соборат актуелниот режим во Техеран.
Сепак, војната не го остави Иран без одредени залихи збогатен ураниум кои се блиску за да може да развие нуклеарно оружје, ниту, пак, ја лиши од способноста да им се заканува на соседните земји од Персискиот Залив со ракети, беспилотни летала и сојузнички милитанти групи.
