Сиванјанам ќе ја преземе функцијата во август оваа година од досегашниот амбасадор Метју Лосон, кој беше на оваа должност од 2022 година

Нова амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија ќе биде Маја Сиванјанам.
Британската амбасада во Скопје преку соопштение на својата фејсбук-страница информира дека Сиванјанам ќе ја преземе функцијата во август оваа година од досегашниот амбасадор Метју Лосон, кој беше на оваа должност од 2022 година.
Во биографијата на новата амбасадорка се наведува дека таа од 2001 година е дел од политиката и оти има 25 години професионално искуство во рамките на британската дипломатија.
Дипломатска служба имала и во Анкара, Турција, каде што била раководител на глобални прашања.
Во периодот од 2023 до 2025 година ја извршувала функцијата заменик-директор на самитот на Европската политичка заедница, кој минатата година беше организиран во Лондон.
Од минатата година се наведува дека посетува обука за македонски јазик.
