Од МВР информираат дека сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени лица. На местото на настанот интервенирале екипи на ТППЕ. Бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес
Сообраќајот на автопатот Велес – Скопје е нормализиран и се одвива непречено, соопшти АМСМ, откако попладнево по 17:25 часот едната лента беше затворена поради автобус кој се запали во близина на патарината „Отовица“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 16 часот, кога во СВР Велес било пријавено дека се запалил автобус со прилепски регистарски таблички.
„Сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени лица. На местото на настанот интервенирале екипи на ТППЕ. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Велес“,
информираат од МВР.
Според првичните информации, автобусот се запалил во движење, а причините за инцидентот не се познати.
