Сите патници го напуштиле автобусот и нема повредени лица, велат од МВР
Автобус со прилепски регистарски таблички се запали на автопатот Велес-Скопје во близина на наплатната станица Отовица. Според информации од Министерството за внатрешни работи сите патници го напуштиле автобусот и нема повредени лица.
Веднаш по пријавата на терен пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.
Според првичните информации автобусот се запалил во движење, а причините за инцидентот не се познати.

Од АМСМ соопштија дека од 17:25 часот, патниот правец А1 Велес-Скопје од Патарина Отовица се одвива по една лента поради гаснење на автобус кој претходно беше запален.
