Утре, според Управата за ходрометеоролошки работи, се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд, наместа и над 20 литри на квадратен метар, грмежи, засилен до силен ветер кој ќе дува со брзина од над 70 километри на час
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб дo умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од четири до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 15 до 26 степени.
Синоптичарите за Скопје најавуваат слична временска состојба, односно променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи во делови од скопската котлина. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а дневната температура ќе се искачи до 24 Целзиусови степени.
Променливото време ќе се задржи и за време викендот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре, според Управата за ходрометеоролошки работи, се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд, наместа и над 20 литри на квадратен метар, грмежи, засилен до силен ветер кој ќе дува со брзина од над 70 километри на час. Ќе има услови и за појава на град.
