Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 14 до 24 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 14 до 24 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од 9 до 23 степени.
Според најавата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачо време со повремени локални врнежи од дожд. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
