Не наведувајќи ги причините, од МВР посочија дека Николовски бил повикан во Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје, по нареба на Обвинителството
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски минатата недела бил повикан на информативен разговор со СВР Скопје, потврдија од МВР за „360 степени“ откако дел од медиумите вчера ја објавија оваа информација.

Од МВР не ги наведуваат причините поради кои Николовски бил повикан на разговор.
„Лицето за кое прашувате на 07.05.2026 по наредба на Основното јавно обвинителство е повикано на информативен разговор во СВР Скопје – Единица за економски криминал и корупција“,
соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека во тек се активности за случајот, за кои јавноста соодветно ќе биде информирана.
