Со оглед на тоа што редовните парламентарни избори би се одржале за околу две години, посочи и дека законите би требало да стапат во сила по истекот на тој период, односно по завршување на изборите. Целта е изборниот процес, како што рече, да се одвива според истите правила кои важеле и досега, без можност опозицијата да тврди дека законските измени влијаеле врз условите за избори
Според него, откако опозицискиот СДСМ го изгубил аргументот поврзан со техничката влада, сега се обидува политичкиот фокус да го пренасочи кон новиот Закон за внатрешни работи. Оцени дека опозицијата преку соопштенија се обидува да создаде нова политичка тема поврзана со законските измени во МВР, кои ги нарече противуставни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе предложи до Собранието одложување на примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција, со цел да стапат во сила по завршување на следниот парламентарен изборен процес.

Во гостување во емисија на телевизија Алфа, Тошковски изјави дека ваквиот предлог следува по критиките од опозицискиот СДСМ, кој тврди дека со новите законски решенија се врши партизација на полицијата и дека тие се противуставни.
Посочи дека обвинувањата се политички мотивирани и дека опозицијата се обидува однапред да создаде алиби за евентуален изборен пораз.
„За да не им се даде алиби и да не им се остави простор за критики и да бараат излезно сценарио, ќе предложам до пратениците во Собранието, најбрзо што може, законските измени да се одложат и да стапат во сила по завршување на изборниот процес“,
рече тој.
Со оглед на тоа што редовните парламентарни избори би се одржале за околу две години, посочи и дека законите би требало да стапат во сила по истекот на тој период, односно по завршување на изборите. Целта е изборниот процес, како што рече, е да се одвива според истите правила што важеле и досега, без можност опозицијата да тврди дека законските измени влијаеле врз условите за избори.
„Со цел да не им дозволиме ни најмала излезна варијанта во насока на наоѓање алиби кое би го оправдало нивниот дебакл на наредните парламентарни избори“,
вели Тошковски.
Според него, откако опозицискиот СДСМ го изгубил аргументот поврзан со техничката влада, сега се обидува политичкиот фокус да го пренасочи кон новиот Закон за внатрешни работи. Оцени дека опозицијата преку соопштенија се обидува да создаде нова политичка тема поврзана со законските измени во МВР, кои ги нарече противуставни.
„Претходно беше техничката влада, сега остана техничката влада за наредните избори. Денеска со соопштение се фокусирани на МВР и наводно противуставниот закон кој тие го детектирале, па сега тоа било проблем“,
кажа министерот.
Ваквите настапи, како што вели, се обид за создавање алиби за идни политички оправдувања.
„Не смееме да дозволиме какво било алиби кое утре би можело да им биде основ да се повикуваат дека законот бил сменет и дека не им биле овозможени услови какви што тие барале“,
додаде тој.
Нагласи дека иако новите закони се значително подобри од постојните, нивната примена ќе биде одложена во интерес на политичката стабилност и јавната доверба.
„Законските измени се неспоредливо подобри во однос на оние кои ги имавме со старото законско решение, но факт е дека нападот од страна на опозицијата е фокусиран токму тука“,
рече министерот.
Тошковски посочи и дека иницијативата до Уставниот суд за оценување на уставноста на законот треба да добие доволно време за институционална и правна дебата, без политички притисоци.
„Законот требаше да стапи во сила од 1 јули, но за да не излезе дека правиме притисок врз Уставниот суд, во овој период од две години ќе има доволно можност и време за дебата дали одредени законски одредби се исправни или не се исправни“,
кажа тој.
Министерот порача дека полицијата ќе продолжи да функционира професионално и во интерес на граѓаните, нагласувајќи дека реформскиот процес нема да биде стопиран, туку временски приспособен.
„Ќе го одложиме законот две години. Ќе стапи во сила откако ќе заврши техничката влада, согласно истите правила на игра какви што биле и претходно“,
истакна Тошковски.
Опозицискиот СДСМ на почетокот на април поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на Законот за внатрешни работи, чии измени во јануари годинава беа усвоени од Собранието по скратена постапка.
Партијата обвини дека со законските измени власта планира партизација во Министерството за внатрешни работи и побара итно поништување на спорните одредби и стопирање на сите, како што велат од СДСМ, незаконски прераспоредувања и постапки на ресорниот министер Панче Тошковски кои се донесени врз основа на овој закон.
