Сè уште не е јаснa причината за несреќата, со оглед на тоа што не се работи за судир, туку веројатно за губење контрола над возилото

Во несреќата што вчера попладне се случи во Долни Андријевци, Хрватска, настрадал струмичанец, кој возел за кумановска транспортна фирма, потврди за „360 степени“, Билјана Муратовска од асоцијацијата „МАКАМ-Транс“.
Возилото е идентификувано по регистарските таблички.
Сè уште не е јасно што е причината за несреќата, со оглед на тоа што не се работи за судир, туку најверојатно за губење контрола над возилото.
Она што е познато е дека несреќата се случила вчера во 14:15 часот, кога камионот се излизгал од патот и се запалил.
По несреќата избувнал пожар, а камионот изгорел целосно заедно со возачот.
На фејсбук-страницата „Пожарникари – 193“ е објавено видео на кое се гледа како возачите на автопатот не создадоа итен коридор за поминување на возилата за итни случаи.
