„Албанците немаат потреба од рециклирање на истиот менталитет кој го инсталираше вазалството и криминалот како модел на политичко дејствување“, велат од Демократската унија за интеграција

Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати критики до градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, обвинувајќи го за узурпација на политичкиот простор.
Според соопштението на ДУИ, Меџити се обидува да се претстави како политичка промена, иако, како што велат оттаму, неговото минато говори за спротивното.
Од ДУИ велат дека неговата структура функционира врз база на семејна лојалност и крвна поврзаност, слична на мафијашки кланови.
„Човекот што стана милионер додека Чаир осиромашуваше, денес се обидува да се претстави како промена, но граѓаните ја знаат вистината“,
се вели во осоопштението од ДУИ.
Велат дека повеќе од две децении, неговата група го контролирала претставувањето на Албанците во Скопје, притоа уништувајќи ја цела генерација млади луѓе.
„Албанците немаат потреба од рециклирање на истиот менталитет кој го инсталираше вазалството и криминалот како модел на политичко дејствување“,
стои во партиското соопштение.
