УХМР најавува топло време од вторник. Кон крајот на идната седмица повторно се очекуваат повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за повремени локални врнежи од дожд со слаб интензитет, претежно во западните делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне облачноста ќе се намали.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).
И во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Утре, утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот сончево.
Од вторник ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец.
Сепак, кон крајот на седмицата повторно се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
