45 мерки се изречени на возачи без заштитна кацига, додека еден возач на мотоцикл е лишен од слобода поради безобѕирно управување со возило, соопшти полицијата

Во осумчасовна акциска контрола спроведена денеска во Скопје, од 12 до 20 часот, полицијата санкционирала вкупно 113 возачи на мотоцикли, соопшти Минситерството за внатрешни работи (МВР).
„Од нив, четири возачи се санкционирани поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции се изречени за возачи кои управувале велосипед со помошен мотор без возачка потврда, 45 мерки за возачи без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење на сообраќајна дозвола, две санкции за движење по несодветна површина, две мерки за незастанување на даден знак и 37 мерки по останати прекршоци“,
соопшти МВР.
За време на контролата, еден возач на мотоцикл е лишен од слобода поради безобѕирно управување возило.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта низ државата“,
велат од МВР.





