Сепак, јапонските власти не издадоа предупредување за цунами, но соопштија дека во погодените подрачја постои зголемен ризик од паѓање карпи и појава на одрони, особено во деловите каде што тлото било посилно разнишано
Овој земјотрес следува само една недела по силниот потрес од 7,4 степени што го погоди североисточниот брег на Јапонија, кога властите издадоа предупредување за можни бранови цунами и ги повикаа жителите во крајбрежните области на зголемена претпазливост
Нов земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер е регистриран на северниот јапонски остров Хокаидо, соопшти германскиот Истражувачки центар за геонауки, како и американските и јапонските метеоролошки агенции за последниот во серијата силни потреси што изминатиот период ја погодија земјата.

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 80 километри, во ретко населен регион на околу 200 километри источно од Сапоро.
Во првите часови по потресот нема пријави за жртви или материјална штета.
Сепак, јапонските власти не издадоа предупредување за цунами, но соопштија дека во погодените подрачја постои зголемен ризик од паѓање карпи и појава на одрони, особено во деловите каде што тлото било посилно разнишано.
Хокаидо е најсеверниот и втор по големина остров во Јапонија и често е изложен на сеизмичка активност поради положбата на земјата во т.н. Пацифички огнен прстен.
Овој земјотрес следува само една недела по силниот потрес од 7,4 степени што го погоди североисточниот брег на Јапонија, кога властите издадоа предупредување за можни бранови цунами и ги повикаа жителите во крајбрежните области на зголемена претпазливост.
По тој силен земјотрес, јапонските власти предупредија дека постои можност од уште посилен потрес со јачина од 8 степени или повеќе, што дополнително ја зголеми загриженоста поради засилената сеизмичка активност во регионот.
