Со новиот Закон за лековите се предвидуваат побрзи процедури за одобрување и регистрација на лекови, преку модернизација на системот и скратување на времето за нивна достапност. Дополнително, се воведува и систем за следење на снабдувањето со цел да се спречи евентуален недостиг
Министерство за здравство информира дека се преземаат максимални напори за обезбедување континуирана и навремена терапија за пациентите со ретки болести, при што тие непречено ја примаат потребната медицинска грижа, вклучително и лекот „сиролимус“ за третман на туберозна склероза.

Од Министерството посочуваат дека со новиот Закон за лековите се предвидуваат побрзи процедури за одобрување и регистрација на лекови, преку модернизација на системот и скратување на времето за нивна достапност.
Дополнително, се воведува и систем за следење на снабдувањето со цел да се спречи евентуален недостиг.
Како дел од реформите, од 2026 година се воведува тригодишен модел на јавни набавки, што, според надлежните, претставува стратегиска промена од особено значење за пациентите.
Во рамки на новата јавна набавка, техничката спецификација е проширена со 12 нови лекови.
„Со ова, државата презема обврска да обезбеди вкупно 72 лекови, што претставува значително зголемување во однос на претходните години. На овој начин директно се зголемува бројот на пациенти кои добиваат бесплатна и современа терапија преку програмата за лекување ретки болести“,
се вели во соопштението од ресорното Министерство.
