Во контекст на мерките, Мицкоски најави дека очекува Регулаторна комисија за енергетика утре да донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за околу 1,5 денар по литар
Според последните анализи на европско ниво, според ММФ, во Европа сме меѓу првите три држави кои промениле најмногу работи и примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови, кажа премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција. Според него, се потврдило дека обвинувањат на опозицијата се неточни дека земјава неподготовена ја дочекала енергетската криза.
Мицкоски најави дека во контекст на мерките, очекува Регулаторна комисија за енергетика утре да донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за околу 1,5 денар по литар.
„Истовремено, останува во сила онаа мерка којашто ја договоривме веќе со ОКТА, а тоа е а имаме попуст до крајот на Април месец на бензините за 2 денари по литар, а за дизел горивото да биде 3 денари по литар. Со тоа повторно можеме да заклучиме дека сме држава којашто има најниски цени на горивата во регионот“,
рече Мицкоски.

Премиерот потенцира и дека одлуката за измените кај акцизите и данокот на додадена вредност е донесена по истекот на првиот пакет мерки, кој важеше во првите два месеци од енергетската криза. Во тој контекст, како што кажа, кај дизел-горивото ДДВ повторно е вратен на 18 проценти, наместо претходните 10 проценти.
„Кај данокот на додадена вредност кај дизелот, го имплементиравме ДДВ-то да биде 18 проценти, да не биде 10, да дојде тука, завршува тој период на таа мерка. Со оглед на тоа на движењето на цената на дизел горивата на Плац, заклучивме дека со враќањето на данокот 18 отсто, повторно ќе имаме намалување на цената на дизел горивото, имајќи го предвид просекот од минатата недела“,
додаде Мицкоски.
